Велика Британија сè уште планира формирање мултинационални сили во Украина
- Велика Британија и понатаму планира да формира мултинационални сили во Украина откако ќе биде постигнат прекин на огнот, соопшти денеска портпаролот на британскиот премиер Кир Стармер.
Лондон, 25 ноември 2025 (МИА) – Велика Британија и понатаму планира да формира мултинационални сили во Украина откако ќе биде постигнат прекин на огнот, соопшти денеска портпаролот на британскиот премиер Кир Стармер.
Стармер и украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска телефонски разговараа за „важноста од понатамошна работа на коалициските партнери во подготовките за распоредување на мултинационални сили по престанокот на непријателствата“, наведе портпаролот.
На прашањето дали Велика Британија е сè уште подготвена да испрати војници во Украина, портпаролот одговорил потврдно.
Русија, меѓутоа, отфрли секакво потенцијално странско воено присуство во Украина како неприфатливо. јт/
Фото: ДПА