• вторник, 30 декември 2025

Велешанец пронајден мртов во помошна просторија од домот

Велешанец пронајден мртов во помошна просторија од домот

Велес, 9 декември 2025 (МИА) - Во СВР Велес вчера во 12:35 часот било пријавено дека во помошна просторија од неговиот дом во Велес бил пронајден починат 70 - годишниот велешанец П.Т. 

Како што информираа попладнево од СВР Велес, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција. ад/вг/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан