• недела, 11 јануари 2026

Бурата Горети остави стотици илјади домаќинства без струја во Франција и Велика Британија

Бурата Горети остави стотици илјади домаќинства без струја во Франција и Велика Британија

Париз/ Лондон, 9  јануари 2026 (МИА) - Северна Европа е погодена од бурата „Горети“, а стотици илјади домаќинства останаа без електрична енергија додека силни ветрови денеска ја погодија Франција и Велика Британија.

Во Франција, околу 380.000 домаќинства останаа без електрична енергија, главно во регионите Нормандија и Бретања, објави снабдувачот со електрична енергија Енедис.

Во текот на ноќта, налети на ветер од над 150 километри на час беа регистрирани во северозападниот француски регион Манш, со рекордни 213 илометри на час во Барфлер, а операторот на железници SNCF ги прекина железничките услуги помеѓу Париз и регионот Нормандија.

Во Велика Британија, 57.000 домаќинства останаа без електрична енергија, наведува National Grid, откако бурата Горети донесе повеќе снег во земјата по една недела студено време.

Се очекува стотици училишта да бидат затворени низ Шкотска и делови од централна Англија, која е особено силно погодена од бурата.

Железничките оператори во тој дел од Англија ги предупредија патниците да не патуваат, а некои услуги се суспендирани.сд/

фото: ЕПА

Остани поврзан