Брнабиќ: Парламентот ќе расправа за гласање за доверба и на владата и на мене
- Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ денеска изјави дека на дневен ред на собраниската седница закажана за среда, меѓу другото, ќе биде и довербата на Владата на Србија, што претходно ја побара опозицијата.

Белград, 27 јануари 2025 (МИА) - Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ денеска изјави дека на дневен ред на собраниската седница закажана за среда, меѓу другото, ќе биде и довербата на Владата на Србија, што претходно ја побара опозицијата.
Таа во Палатата „Србија“ рече дека ќе се разговара и за тоа дали пратениците имаат доверба во неа и дали се задоволни од начинот на кој таа го води Парламентот.
Брнабиќ ги критикуваше пратениците од опозицијата кои најавија блокада на работата на Народното собрание и порача дека тоа е единственото нешто што нема да го дозволи. паг/
Фото: МИА архива