• сабота, 22 февруари 2025

Божиновска на средба со претставници на Светската банка, во фокусот можностите за соработка во областа на енергетската ефикасност

Божиновска на средба со претставници на Светската банка, во фокусот можностите за соработка во областа на енергетската ефикасност

Скопје, 7 февруари 2025 (МИА) - Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, одржа работна средба со претставници на Светската банка, со цел разгледување на можностите за финансирање и соработка во областа на енергетската ефикасност.

На состанокот, како што соопшти Министерството, се дискутирало за потенцијалните фондови од Светската банка, кои би биле наменети за поддршка на енергетските реформи, транзицијата кон обновливи извори на енергија и подобрување на енергетската ефикасност во земјата.

-На состанокот беа разгледани можностите за унапредување на процесот за создавање на Фондот за енергетска ефикасност како и негова операционализација во најкус можен рок. Од страна на СБ беа презентирани искуства од земјите во регионот. Фондот ќе има клучна улога во финансирањето и спроведувањето на проекти за енергетска ефикасност, придонесувајќи кон намалување на потрошувачката на енергија и заштита на животната средина. Се разговараше и за делот од проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор-Public Sector Energy Efficiency Project (PSEEP) во компонента 3 кој е наменет за поддршка на оваа активност во Македонија, се наведува во соопштението.

На состанокот биле дискутирани можности за соработка во полето на енергетиката каде што Светска Банка може значително на придонесе за подобрување на целиот процес.

-Министерството останува посветено на имплементација на реформите во енергетиката и во таа насока продолжуваме со активна соработка со СБ се со цел пронаоѓање на решенија за подобрување на енергетскиот сектор на РМ, се додава во соопштението. дма/са/

Фото: Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Остани поврзан