• недела, 11 јануари 2026

Божикна средба кај архиепископот Стефан

Божикна средба кај архиепископот Стефан

Скопје, 8 јануари 2026 (МИА) -  Архиепископот охридски и македонски г.г . Стефан, по повод Рождеството Христово - Божик, оствари неформална средба со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, поранешниот претседател Ѓорге Иванов и неговата сопруга Маја Иванова, вицепремиерот за политички систем - Љупчо Димовски, министерот за внатрешни работи - Панче Тошковски, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи - Оливера Трајковска и со градоначалникот на град Скопје - Орце Ѓорѓиевски.

- Средбата, која се одржа во кабинетот на архиепископот, помина во пријатна празнична атмосфера, информира МПЦ-ОА во објава на својата веб-страница. лв/са/

фото: МПЦ - ОА 

Остани поврзан