• четврток, 04 декември 2025

Бија осмипат положи заклетва како претседател на Камерун

Бија осмипат положи заклетва како претседател на Камерун

Јаунде, 6 ноември 2025 (МИА) – Пол Бија денеска во Парламентот на Камерун положи заклетва за осмиот претседателски мандат.

- Ќе направам се што е можно за да останам достоен на вашата доверба, изјави 92-годишниот Бија пред пратениците.

Бија, кој е на власт 43 години, на претседателските избори на 12 октомври освои 53,66 отсто од гласовите.

Реизборот на Бија предизвика протести кои беа проследени со жестоки репресии врз демонстрантите.

Европска Унија и Африканска Унија изразија жалење за насилството, со кое властите ги задушија протестите. Високиот комесар на ОН за човекови права побара истрага. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан