• петок, 05 декември 2025

Путин: Ако не се повлечи украинската армија, Русија со сила ќе го заземе Донбас

Путин: Ако не се повлечи украинската армија, Русија со сила ќе го заземе Донбас

Москва, 4 декември 2025 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија „со сила ќе го заземе целиот украински регион Донбас, ако не се повлече украинската армија“.

- Или со сила ќе ја заземе територијата или украинската армија ќе се повлече, изјави Путин во интервју за индиската телевизија „Индија тудеј“ (India Today).

Претходно, Украина соопшти дека „нема да и подари на Русија дел од својата територија“, а претседателот Володимир Зеленски додаде оти „Москва не треба да биде наградена за војната што ја почна“.

Русија моментално контролира над 19 проценти од територијата на Украина, а во преговорите со САД за завршувањето на војната, Москва нагласи дека сака да го контролира целиот Донбас, дел од Украина кој се состои од два региона, Доњецк и Луганск.

Путин пред два дена разговараше и со претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, и изјави дека Русија „прифатила некои американски предлози“ и оти продолжуваат преговорите.

Кремљ во 2022 година објави дека украинските територии Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје ѝ припаѓаат на Русија. ми/мс/

фото: ЕПА

 

Остани поврзан