Умерен земјотрес регистриран во американскиот град Дејтон
- Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Дејтон, во американската сојузна држава Невада
Вашингтон, 4 декември 2025 (МИА) – Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Дејтон, во американската сојузна држава Невада.
Според Американската геолошка служба епицентарот на земјотресот бил на длабочина од осум километри.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. ми/ссм/
фото: МИА архива