• недела, 11 јануари 2026

Бесплатен автобуски превоз до ски центрите на планината Баба

Бесплатен автобуски превоз до ски центрите на планината Баба

Битола, 9 јануари 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски ги посети ски терените на ски центарот Ниже Поле со кој управува ЈП „Стрежево“.

Како лани, така и оваа година, Општина Битола и меѓуопштинското Јавно претпријатие „Пелалинк“ за време на зимскиот распуст за учениците, но и за сите граѓани обезбедија бесплатен превоз до ски центрите на Баба Планина.

-По вчерашниот и денешниот ден, бесплатниот превоз продолжува од 12-ти до 16-ти јануари и е до ски центрите на „Стрежево“ кај Нижеполе и „Копанки“ кај хотелот „Молика“, со можност за уживање во убавините на планината. Линијата број 1 за Нижеполе тргнува во 8:00 часот од паркингот кај Спортската сала, а линијата број 2 овозможува превоз до хотелот „Молика“ и тргнува во 8:00 часот од паркингот кај Новиот пазар. Враќањето на двете линии е во 13:00 часот, информираа од Општина Битола. мт/вг/


Фото: Општина Битола

 

Остани поврзан