• вторник, 30 декември 2025

Бенин: Наjмалку десет војници уапсени по неуспешниот обид за државен удар во Котону

Бенин: Наjмалку десет војници уапсени по неуспешниот обид за државен удар во Котону

Котону, 7 декември 2025 (МИА) – Најмалку десет војници се уапсени во Бенин по обидот за државен удар што се случи утрово во економската престолнина на земјата, Котону, за кој владата тврди дека е „спречен“, соопштија армиските и безбедносните сили.

Претставник на вооружените сили информира за 13 уапсени, додека друг извор посочи дека „сите задржани се војници, вклучително и еден кој веќе беше отпуштен од нашите редови“. Според безбедносните сили, организаторите на пучот се исто така меѓу уапсените.

- Обидот за преврат во Бенин беше спречен, изјави претходно денеска министерот за внатрешни работи на Бенин, Аласан Сејду.

- Група војници организираа пуч за да ја дестабилизираат државата и нејзините институции. Во таа ситуација, вооружените сили на Бенин и нивното раководство успеаја да ја задржат контролата врз ситуацијата и да ги осуетат овие маневри, изјави министерот.

Претходно денеска, група војници објавија на државната телевизија дека ја презеле власта. Групата соопшти дека високиот воен командант Паскал Тигри ќе биде привремен претседател на комитетот што го формирале. ссм/

фото: пиксабеј

Остани поврзан