• сабота, 16 мај 2026

Без струја корисниците на дел од „Ловќенска“ во Карпош

Без струја корисниците на дел од „Ловќенска“ во Карпош

Скопје, 30 април 2026 (МИА) - Без електрична енергија денеска ќе останат корисниците на дел од улица „Ловќенска“ во општина Карпош.

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека прекинот ќе биде поради зафати во електродистрибутивната мрежа. 

Прекинот ќе биде во периодот од 09:00 до 14:00 часот и тоа за дел од корисниците од „Ловќенска“ бр. 27, 29, 31, 33, 35 и 37. ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан