Без струја делови од Шуто Оризари, Кисела Вода и Кондово
- Без електрична енергија денеска од 08.30 до 10.30 часот ќе останат дел од корисниците од улиците „Брсјачка буна“, „Демирхисарска“ и „Пелагонија“ во општина Шуто Оризари, информира РЦУК - Скопје.
Скопје, 19 ноември 2025 (МИА) - Без електрична енергија денеска од 08.30 до 10.30 часот ќе останат дел од корисниците од улиците „Брсјачка буна“, „Демирхисарска“ и „Пелагонија“ во општина Шуто Оризари, информира РЦУК - Скопје.
Струја од 09.00 до 10.00 часот ќе немаат и корисниците во село Кондово кај пумпата за водовод, а од 10.00 до 13.00 часот дел од корисниците од улиците „Михаил и Ефтихиј“ и „Георги Димитров“ во општина Кисела Вода./
Фото: МИА