Без струја делови од Зелениково, Кисела Вода и Сарај
- Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека утре без струја времено ќе бидат дел од корисниците во општините Зелениково, Кисела Вода и Сарај.

Скопје, 2 февруари 2025 (МИА) - Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека утре без струја времено ќе бидат дел од корисниците во општините Зелениково, Кисела Вода и Сарај.
Од 08 до 14 часот струја ќе немаат дел од корисниците од селото Орешани, како и корисниците од викенд населбата Орешани во општина Зелениково, а од 09 до 15 часот дел од корисниците од улицата „Саса“ – крак 2 и крак 4 во општина Кисела Вода. Без струја ќе бидат и корисниците од селото Љубин лоцирани на потегот од УКА Комерц до гробиштата, како и корисниците лоцирани околу џамијата во непосредна близина во општина Сарај во период од 09 до 15:30 часот. бак/
Фото: МИА архива