Без струја делови од Бутел, а утре делови од Чаир
- Без електрична енергија денеска ќе бидат делови од општината Бутел поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЕВН Македонија АД.
Скопје, 20 декември 2025 (МИА) - Без електрична енергија денеска ќе бидат делови од општината Бутел, а утре делови од општината Чаир, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЕВН Македонија АД.
Од 08:30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од селото Љубанци, поточно делот кон Црквата „Св.Јован“ во општина Бутел.
Од РЦУК посочуваат дека утре без електрична енергија од 8 до 13 часот ќе бидат корисниците од дел од ул.„Џон Кенеди“, (корисниците во околината на Веро маркет) и дел од ул.„Кемал Сејфула“ (корисниците во близина на стадионот) во општина Чаир. рп/лв/
Фото: МИА архива