• сабота, 22 февруари 2025

Без струја дел од корисниците од општините Центар и Аеродром

Без струја дел од корисниците од општините Центар и Аеродром

Скопје, 12 февруари 2025 (МИА) - Без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисниците во општините Центар и Аеродром. 

Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија, информира дека од 10 до 12 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Преспанска“ во населбата Маџармаало во општина Центар, а од 08 до 15:30 часот, дел од корисниците од улицата „Мите Богоевски број 2, 6, 3 и 4 во општина Аеродром. Од 06:30 до 19 часот без електрична енергија ќе бидат и корисниците од улицата 1627, во околина на црквата „Св. Петар и Павле“, Колдакопласт, Биолаб во општина Аеродром. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан