Без вода Долно Лисиче
- Без вода денеска од 9:30 часот ќе останат корисниците од Долно Лисиче.
Скопје, 9 јануари 2026 (МИА) - Без вода денеска од 9:30 часот ќе останат корисниците од Долно Лисиче.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради уличен дефект ф-100мм на улица „1“ број 5 во Долно Лисиче.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.
Фото: МИА архива