Без вода делови од Карпош и Батинци
- Корисниците на дел од Батинци денеска од 10 часот ќе немаат вода поради уличен дефект ф 110 мм на ул.„1“ бр.95 во Батинци. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Скопје, 28 јануари 2025 (МИА) - Корисниците на дел од Батинци денеска од 10 часот немаат вода поради уличен дефект ф 110 мм на ул.„1“ бр.95 во Батинци. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.
ЈП Водовод и канализација информира дека поради изведување водоводен приклучок ф 100 мм на ул. „Јуриј Гагарин“ бр.4, без вода од 10.15 часот и до завршување на активностите ќе останат корисниците од улиците „Јуриј Гагарин“, „Струшка“ и дел од ул. „Козле“ во општина Карпош. хс/ев/
Фото: МИА архива