„Ајфон 15“ најпродаван телефон за 2024 година
- „Епл“ има седум уреди во „Топ-10 листата“ за телефони со најголема испорака на крајот на 2024 година.

Лос Анџелес, 5 февруари 2025 (МИА) - Според статистичките податоци на аналитичката компанија „Каналис“ (Canalys), американската компанија „Епл“ (Apple) има седум уреди во „Топ-10 листата“ за телефони со најголема испорака на крајот на 2024 година. На врвот е „Ајфон 15“ (iPhone 15), како водечки модел во продажбата ширум светот. На второто и третото место се „Ајфон 16 про макс“ и „15 про макс“.
Процентуално, „Ајфон 15“ сочинува 3 насто од проценетите 1,22 милијарди телефони испорачани во 2024 година. Врз основа на оваа статистика, испорачани биле 33,6 милиони паметни телефони од овој модел.
„Самсунг“ (Samsung) е, според оваа анализа, единствениот преостанат бренд што се наоѓа на листата на 10 најпродавани брендови. Говорејќи за оваа јужнокорејска компанија, на овој список се наоѓаат „Галакси А-15“, „А-15 5-г“ и „С-24 ултра“. си/
Фото: МИА архива