Атанасовски: Во Македонска Каменица активно продолжуваат работите за унапредување на локалната инфраструктура
- Во Македонска Каменица активно продолжуваат работите за унапредување на локалната инфраструктура, соопшти денес градоначалникот на Општината, Димчо Атанасовски. Во моментот како што информиеаше тој се работи на уредувањето на јавните простори во урбаната средина.

Македонска Каменица, 4 февруари 2025 (МИА) - Во Македонска Каменица активно продолжуваат работите за унапредување на локалната инфраструктура, соопшти денес градоначалникот на Општината, Димчо Атанасовски. Во моментот како што информиеаше тој се работи на уредувањето на јавните простори во урбаната средина.
-Во рамки на Договорот за бетонски работи и партерно уредување на јавни површини, започнавме со изградба на потпорен ѕид на улица Каменичка. Ѕидот, со должина од 20 метри и висина од над 2,5 метри, ќе обезбеди поголема стабилност на теренот и заштита на непосредната околина, соопшти Атанасовски.
Во согласност со програмата за работа на Општината, во наредниот период како што додаде предвидена изградба на тротоар на споменатата улица.
-Со тоа дополнително ќе биде подобрена безбедноста и сигурноста на пешаците.
Со реализацијата на овој проект, продолжуваме да вложуваме во подобра и посигурна урбана средина, создавајќи поквалитетни услови за живот и движење низ градот, додаде Атанасовски.
Како локална самоуправа, најави дека Општината ќе остане посветена на континуирано подобрување на јавните простори и безбедноста на граѓаните. вс/
Фото: Општина Македонска Каменица