• сабота, 22 февруари 2025

Артета: Правиме се што е во наша моќ да се засилиме

Артета: Правиме се што е во наша моќ да се засилиме

Лондон, 31 јануари 2025 (МИА) - Менаџерот Микел Артета одби да ги коментира шпекулациите околу потенцијалниот трансфер на Оли Воткинс од Астон Вила, но увери дека англискиот фудбалски клуб Арсенал работи напорно за да ангажира напаѓач. Локалните медиуми тврдат дека тимот од Бирмингем веќе одбил една понуда за својот играч.

-Нема да споменувам поединечни имиња, но активно работиме да најдеме повеќе опции на оваа позиција. Ќе видиме што ќе понуди пазаро. Сигурен сум дека клубот прави се што може и ги разгледува сите достапни опции. Ни треба некој кој може да направи разлика и ако го најдеме, ќе се обидеме да го ангажираме. Ако не можеме, нема да привлечеме никого. Правиме сè што можеме, но нема гаранции во јануари, не зависи само од нас, иако нашите намери се јасни, изјави Шпанецот, цитиран од „Скај спортс“.

Артета беше запрашан и дали Арсенал бара искусен напаѓач како Воткинс или пак бара помлад играч.

-Тоа не е фактор во нашиот избор. Гледаме што му треба на нашиот тим, што ни недостасува и кој може да не направи посилни. Како што реков, ни треба некој што може да направи разлика. Не е важно колку години има фудбалерот, изјави уште менаџерот на Арсенал. дс

Фото: Архива

Остани поврзан