АПРЗ одржа едукативни средби со земјоделските производители во рамки на кампањата „Македонско најдобро“
- Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ) со седиште во Битола во рамки на националната кампања „Македонско најдобро“, одржа серија едукативни средби со земјоделските производители во руралните средини.
Битола, 28 ноември 2025 (МИА) - Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ) со седиште во Битола во рамки на националната кампања „Македонско најдобро“, одржа серија едукативни средби со земјоделските производители во руралните средини.
Стручни лица на АПРЗ во местата на живеење, на земјоделците им ги презентираа целите на кампањата, бенефициите од вклучувањето и користењето на платформата „Македонско најдобро“.
-Едукативните средби се одржаа и ќе се одржуваат во сите региони низ земјава и притоа за сите земјоделци беше извршена едукација и практична обука за регистрација и користење на платформата. Во Преспанско-пелагонискиот регион, директни средби се одржаа во битолските села Кукуречани, Лопатица, Гермијан и Живојно во Прилепско беа посетени Новоселани, Заполжани, Мраморани и Дупјачани, во Ресенско едукативни средби се одржаа во селата Бела Црква и Курбиново, како и во други населени места, информираа од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството со седиште во Битола.
Средбите со земјоделците продолжуваат и во наредниот период, со што ќе бидат опфатени нови рурални средини и земјоделски стопанства. мт/мд/
Фото: АПРЗ