Антонио Кошта во посета на Париз и Даблин
- Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта денеска ќе престојува во Париз, а утре ќе го посети Даблин.
Брисел, 8 декември 2025 (МИА) – Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта денеска ќе престојува во Париз, а утре ќе го посети Даблин.
Како што соопшти Европскиот совет, Кошта во Париз ќе учествува на годишната конференција на Институтот „Жак Делор“, насловена „Нова енергија за Европа“.
Предвидено е на конференцијата да стане збор за иднината на Европа во области како што се климатските промени, одбраната, економијата, инклузивноста на граѓаните и проширувањето.
Утре, Кошта ќе престојува во Даблин, каде ќе има средба со ирскиот премиер Мајкл Мартин.
Посетата на Ирска е дел од „Турнејата низ главните градови“ на Кошта, чија цел е размена на мислења со лидерите на членките на ЕУ за главните политички приоритети и методи на работа на Европскиот совет.
Според најавата, Мартин и Кошта ќе се фокусираат на клучните теми за кои ќе се разговара на следниот Самит на ЕУ, закажан за 18 и 19 декември – поддршката на Украина, Повеќегодишната финансиска рамка (МФФ) на ЕУ, европската конкурентност и ситуацијата на Блискиот Исток.
- Со оглед на тоа што Ирска се подготвува за претседавање со ЕУ во 2026 година, со нетрпение очекувам да соработувам со премиерот Мартин за да ги унапредиме нашите заеднички приоритети: поддршката за Украина, мир на Блискиот Исток и обнова на Газа, како и зајакнување на нашата конкурентност без да изоставиме никого, порача Кошта во пресрет на посетата на Даблин.
Ирска ќе претседава со Советот на ЕУ од јули до декември 2026 година. сп/јт/
Фото: МИА Архива