Антивладините протести во Белгија го запреа воздушниот сообраќај
- Илјадници Белгијци излегоа денеска на улиците за да протестираат против планот за пензиски реформи на новата влада, на првиот ден од повеќедневниот штрајк кој го запре целиот воздушен сообраќај во земјата.

Брисел, 13 февруари 2025 (МИА) - Илјадници Белгијци излегоа денеска на улиците за да протестираат против планот за пензиски реформи на новата влада, на првиот ден од повеќедневниот штрајк кој го запре целиот воздушен сообраќај во земјата.
- Аеродромот во Брисел денеска откажа 430 летови, изјави портпаролот на аеродромот, додавајќи дека прекинот во секторот на воздушниот сообраќај ќе трае само еден ден.
Демонстрантите држеа транспаренти со зборовите „Ние не сме лимони“ и латински фрази, кои често ги користи новиот премиер Барт Де Вевер. паг/
Фото: МИА архива