• недела, 11 јануари 2026

Андоновски: Нека радоста од Христовото раѓање донесе мир во срцата, љубов во семејствата и благослов во секој дом

Андоновски: Нека радоста од Христовото раѓање донесе мир во срцата, љубов во семејствата и благослов во секој дом

Скопје, 7 јануари 2026 (МИА) - Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски упати честитка по повод големиот христијански празник Божик. 

Андоновски на вернците им посакува радоста од Христовото раѓање да донесе мир во срцата, љубов во семејствата и благослов во секој дом. 

-Честит Божик! Да ни биде водилка верата, солидарноста и надежта за подобри денови. На православните христијани, овие најсветли празници во годината нека им ја засилат верата во Бог и во убавата мисла. Христос се роди!, вели Андоновски во честитката објавена на неговиот Фејсбук профил.фф/вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан