Андоновски на средба со Абдула Насер Лоота, заменик министер за кабинетски работи за конкурентност и размена на знаење во ОАЕ
- Министерот Андоновски ја истакнал заложбата на македонската Влада за напредок на земјата во областа на дигиталната трансформација на општеството, економската трансформација, како и за поволните услови за водење бизнис.

Скопје, 13 февруари 2025 (МИА) - Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во рамки на Светскиот самит за Влади 2025 во ОАЕ се сретна со Абдула Насер Лоота, заменик министер за кабинетски работи за конкурентност и размена на знаење во ОАЕ.
На средбата, како што соопшти Министерството за дигитална трансформација, се разговарало за развојот и конкурентноста во управувањето со податоци во која што Лоота ја имал клучната улога во зајакнување на позицијата на ОАЕ на глобалната сцена, со особен акцент на одржливиот развој и иновациите во областа на управувањето со податоци.
Андоновски ја истакнал заложбата на македонската Влада за напредок на земјата во областа на дигиталната трансформација на општеството, економската трансформација, како и за поволните услови за водење бизнис.
- Македонија мора повторно да ја ставиме на мапата на држави кои се пионери во напредокот, иновациите, со достапни услуги за граѓаните и бизнис секторот. Како мала држава имаме огромен потенцијал за соработка и размена на знаења со успешни држави како Обединетите Арапски Емирати, истакнал министерот Андоновски. дма/бак/
Фото: Министерството за дигитална трансформација