Анакиев застанува на чело на кочанското комунално претпријатие „Водовод"
- Дејан Анакиев е новиот вршител на должност директор на КЈП „Водовод“ – Кочани. Именувањето е официјализирано со потпишување на решението од страна на градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов.
Кочани, 19 ноември 2025 (МИА) - Дејан Анакиев е новиот вршител на должност директор на КЈП „Водовод“ – Кочани. Именувањето е официјализирано со потпишување на решението од страна на градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов.
Анакиев ја презема функцијата по завршувањето на мандатот на досегашниот в.д. директор Мирче Паунов, кој ја извршуваше должноста до пред неполн месец.
Со ова, раководењето на претпријатието преминува во раце на надворешен кадар, согласно одлуката на локалната самоуправа. ис/дма/
Фото: Општина Кочани