• вторник, 09 декември 2025

АМСМ: Нормализиран сообраќајот на ГП Евзони (Богородица)

АМСМ: Нормализиран сообраќајот на ГП Евзони (Богородица)

Скопје, 8 декември 2025 (МИА) - Сообраќајот на Граничниот премин Богородица (ГП Евзони), кој од 11 часот беше блокиран за влез и излез, попладнево од 15.00 часот е нормализиран во двата правца, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Блокадата на ГП Евзони во периоди од денот трае неколку дена поради штрајк на грчките земјоделци.

АМСМ денеска во пладневниот извештај информираше дека на ГП Ники (Меџитлија) сообраќајот е блокиран само за товарни возила и автобуси, а на ГП Дојран сообраќајот се одвива непречено, но поради  зголемен интензитет се очекуваат задржувања за влез во државата. хс/вг/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан