• четврток, 04 декември 2025

Алиу за случајот со почината пациентка: ДСЗИ е веќе на терен, денеска ќе потпишам да се формира стручната комисија

Алиу за случајот со почината пациентка: ДСЗИ е веќе на терен, денеска ќе потпишам да се формира стручната комисија

Скопје, 11 ноември 2025 (МИА) - Министерот за здравство Азир Алиу во врска со случајот со 37-годишна пациентка со Кронова болест, која, како што објавија медиуми, починала пред осум дена откако била испуштена од болница по две направени операции на Клиниката за дигестивна хирургија, изјави дека денеска ќе потпише да се формира стручната комисија која треба да утврди од клиничка гледна точка што се случило со пациентот.

- Државниот здравствен и сантарен инспекторат е веќе на терен, истакна Алиу одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата по повод најавата на симпозиумот во рамки на кампањата „Ти си редок херој" посветена на унапредување на знаењето и практиката во раното препознавање и дијагностицирање на ретките болести. рп/вг/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан