Во Општина Тетово координативен состанок со институции за преземање мерки по свлечиштето во Шипковица
- Во Општина Тетово се одржа координативен состанок во врска со актуелното свлечиште во планинското село Шипковица. На покана на градоначалникот Билал Касами на состанокот бил и директорот на Центарот за управување со кризи Мухамед Али, како и претставници од релевантни институции.
Тетово, 4 декември 2025 (МИА) - Во Општина Тетово се одржа координативен состанок во врска со актуелното свлечиште во планинското село Шипковица. На покана на градоначалникот Билал Касами на состанокот бил и директорот на Центарот за управување со кризи Мухамед Али, како и претставници од релевантни институции.
- Состанокот беше со цел разгледување на ризиците, координација на дејствата и предложување мерки за заштита на животот, здравјето на граѓаните и материјалните добра. Беше договорено формирање стручен тим од надлежните институции, вклучително Градежниот факултет и ИЗИС, кој ќе изврши проценка на ризикот и ќе подготви студија за преземање на соодветни мерки за стабилизирање и санирање на теренот, соопштија од Центарот за управување со кризи.
Институциите и Општина Тетово ќе продолжат со директна комуникација и координација, додека Центарот за управување со кризи останува активно вклучен во мониторингот и поддршката на сите процеси за безбедно и ефикасно справување со состојбата.ас/са/
Фото ЦУК