Александар Јовановски води пред Фатмир Дехари во Кичево
- Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Јовановски води во изборната трка за градоначалник на Кичево пред неговиот противкандидат од НАИ Фатмир Дехари.
Скопје, 2 ноември 2025 (МИА) - Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Јовановски води во изборната трка за градоначалник на Кичево пред неговиот противкандидат од НАИ Фатмир Дехари.
Според податоците на ДИК од преброени 72,83 отсто од гласачките ливчиња, за Јовановски гласале 10 760 кичевчани (53,81%), а за Дехари 8 597 (42,99%).
Во Кичево право на глас имаа 51.016 граѓани, а денеска во вториот круг од локалните избори гласаа 26.169.са/паг/
Фото: МИА