Алаѓозовски: Вардар е фаворит, но АП Брера покажаа дека умее да победува и фаворити
- АП Брера е пред големо искушение, со оглед дека првиот меч по репрезентативната пауза го игра против лидерот Вардар. Во Струмица денес гостува лидерот на табелата.
Струмица, 22 ноември 2025 (МИА) - АП Брера е пред големо искушение, со оглед дека првиот меч по репрезентативната пауза го игра против лидерот Вардар. Во Струмица денес гостува лидерот на табелата.
- Вардар е бренд, има силен тим и доаѓа како лидер на табелата. Но, верувам во моите млади момци, покажавме оваа сезона дека можеме да победуваме и фаворити. Одигравме добро со Шкендија, ја победивме Струга ТЛ, а и со Вардар ремизиравме на првиот меч во Скопје. Знаеме дека нѐ очекува тежок натпревар, но ќе сториме сѐ да стигнеме до позитивен резултат. Дали ќе успееме во тоа, ќе видиме, изјави за веб-страницата на ФФМ тренерот на АП Брера, Мартин Алаѓозовски.
Поради повреда, Алаѓозовски ќе ги нема на располагање Наумчески и капитенот Антовски, но шанса ќе добијат некои помлади фудбалери.
АП Брера го очекува натпреварот од 14.коло во Првата лига од шестата позиција со освоени 16 бодови, додека Вардар е првопласиран и досега собра повеќе од двојно од противникот, вкупно 33.
Мечот се игра од 13 часот на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица. зс/
Фото: ФФМ