• четврток, 04 декември 2025

Акција на ОЈО ГОКК и МВР: Се вршат претреси на повеќе локации поради сомнежи за корупција

Акција на ОЈО ГОКК и МВР: Се вршат претреси на повеќе локации поради сомнежи за корупција

Скопје, 6 ноември 2025 (МИА) - Истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и единиците на Министерството за внатрешни работи (МВР) вршат претреси на повеќе локации низ државата поради сомнежи за корупција, информираат денеска од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

-Во моментов истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и единиците на Министерството за внатрешни работи (МВР), под раководство на јавен обвинител од ова Обвинителство, вршат претреси на повеќе локации низ државата, велат од ОЈО ГОКК.

Претресите, како што додаваат, се поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа. сст/дма/

Фото:  МИА архива

 

 

 
 
 

 

Остани поврзан