Акција на КЈП „Водовод“ Кочани за средување на просторот зад Агенцијата за вработување
- КЈП „Водовод“ денеска интервенираше со чистење на просторот зад Канцеларијата на Агенцијата за вработување, кој беше запуштен и целосно обраснат со вегетација.
Кочани, 11 декември 2025 (МИА) - КЈП „Водовод“ денеска интервенираше со чистење на просторот зад Канцеларијата на Агенцијата за вработување, кој беше запуштен и целосно обраснат со вегетација.

-Акцијата беше реализирана по сугестија на советничката Благица Сабовљевиќ Стоименова, со што се подобрени условите и уредениот изглед на овој дел од градот, велат од локалната самоуправа. ис/лв/
фото: Општина Кочани