• петок, 05 декември 2025

Акција за проширување и кастрење на локални патишта во општина Росоман

Акција за проширување и кастрење на локални патишта во општина Росоман

Росоман, 11 ноември 2025 (МИА) - Започнува големата акција за проширување и кастрење на локалните патишта, информираше денеска на „Фејсбук“, градоначалникот на Росоман, Ѓорѓи Крстевски.

-Од денес започнуваме со акција за проширување и кастрење на локалните патишта низ општина Росоман - чекор по чекор, создавајќи побезбедни, поуредни и пофункционални патишта за сите граѓани. Ова е само почеток на нашите планови за целовита промена на изгледот на селата и патната инфраструктура, додаде Крстевски.

Претходно, Крстевски соопшти дека утре со почеток во 9:00 часот, Општина Росоман во соработка со општествено одговорни компании, јавните установи, комуналното претпријатие и вработените, организира голема еколошка акција „Генералка Росоман“.

-Ве повикуваме сите компании, физички лица и активисти да земат учество и заедно да придонесеме за почиста и поуредна општина, повика Крстевски.

Според кабинетот на градоначалникот, утре со целокупната механизација активно ќе бидат вклучени на терен за целосно чистење диви депонии на територијата.

-Започнуваме акција за почиста средина, подобар амбиент и здрава иднина за сите, беше наведено. свд/

Фото: „Фејсбук“ - страница на градоначалникот на Росоман, Ѓорѓи Крстевски

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан