• петок, 21 февруари 2025

Администрацијата на Доналд Трамп го запре отпуштањето на стотици федерални вработени задолжени да работат на американските програми за нуклеарно оружје

Администрацијата на Доналд Трамп го запре отпуштањето на стотици федерални вработени задолжени да работат на американските програми за нуклеарно оружје

 
Вашингтон, 17 февруари 2025 (МИА) - Администрацијата на Доналд Трамп го запре отпуштањето на стотици федерални вработени задолжени да работат на програмите за нуклеарно оружје на САД, јавија американски медиуми, цитирајќи тројца американски претставници. Според нив, 350 вработени од Националната администрација за нуклеарна безбедност  биле отпуштени доцна во четвртокот, при што некои го изгубиле пристапот до нивната е-пошта и канцелариите пред да дознаат дека се отпуштени.  
Меѓутоа, во петокот доцна навечер, в.д. директорка на Националната администрација за нуклеарна безбедност, Тереза ​​Робинс, издаде меморандум со кој се укинуваат отпуштањата на сите, освен на 28 лица. Отпуштањата беа дел од плановите на Илон Маск, назначен на чело на Агенцијата за владина ефикасност, за намалување на федералната администрација и федералните трошоци.

По отказот, а потоа и неговото откажување, некои од вработените во Националната агенција почнаа да размислуваат дали навистина да се вратат, бидејќи активностите на одделот на Маск создадоа неизвесност, јавија американските медиуми.

Многу од федералните вработени кои работеа на нуклеарните програми на земјата ја поминаа целата своја кариера таму, а во последните години имаше бран пензионирање, во кој Националната агенција изгуби многу компетентни луѓе одеднаш.  Националната агенција е сред огромни напори за модернизација на нуклеарното оружје од 750 милијарди долари - вклучувајќи нови копнени интерконтинентални балистички ракети, нови стелт бомбардери и нови боеви глави лансирани од подморници.   зш/

Остани поврзан