• сабота, 27 јули 2024

WITCON Конференција за бизнис и технологија - 25 говорници ќе споделуваат последни трендови од индустријата

WITCON Конференција за бизнис и технологија - 25 говорници ќе споделуваат последни трендови од индустријата

Скопје, 16 мај 2024 (МИА) - Во Скопје во сабота, 18 мај, ќе се одржи WITCON Конференција за бизнис и технологија. Ова е второ издание на конференцијата, организирана од Women in Tech Macedonia, каде што технолошките и деловните професионалци ќе споделуваат знаења, искуство, но и најнови трендови од индустријата.

Како што најавија организаторите, низ целодневна агенда, повеќе од 25 говорници ќе ги пренесат своите искуства, но може да се истражат и можности за пракса или вработување.

Според Моника Ризовска Таневска, амбасадор на Women in Tech Macedonia & глобален Community Director на Women in Tech, ова не е само конференција, туку  мастер-клас за искористување на можностите и предизвикување на иновативноста во технологијата и бизнисот во овој регион. 

-Како локален амбасадор на Women in Tech Macedonia, ја повлекувам завесата за да ја откријам моќта на WITCON 2024! Ова не е само уште една конференција; тоа е мастер-клас за искористување на можностите и предизвикување на иновативноста во технологијата и бизнисот во овој регион. Придружете ни се додека ја отклучуваме вратата кон вашиот следен голем пробив! Подгответе се да се поврзете, да научите и да го ослободите вашиот потенцијал! Воедно, би сакала да изразам и огромна благодарност до сите наши спонзори, соработници и поддржувачи без кои ова немаше да можеме да го реализираме, изјави Ризовска Таневска, се наведува во соопштението на организаторите.

WITCON е технолошка и конференција посветена на истражување на пресекот на иновациите, технологијата и претприемништвото.

-Подгответе се да го поминете следното ниво на бизнис и технолошката игра со WITCON 2024. Ова не е една обична конференција; тоа е моќен настан каде што технолошките и деловните професионалци доаѓаат да споделат знаења, искуство и да ги споделат најновите трендови со цел истите да ги реализираат. Напишете ја својата скрипта за успех со знаењата и искуствата на говорници од индустријата и панел-дискусии со теми од интерес предводени од лидерите во индустријата, се вели во соопштението на организаторите. бт/ац/

Фото: WITCON

 

Остани поврзан