• петок, 05 јули 2024

Украинска армија: Во текот на ноќта соборивме 32 руски беспилотни летала

Украинска армија: Во текот на ноќта соборивме 32 руски беспилотни летала

Киев, 5 јули 2024 (МИА) - Украинските воздухопловни сили соопштија дека ги собориле сите 32 беспилотни летала кои Русија ги лансирала во синоќешниот напад.

Украинската армија собори беспилотни летала во седум региони, објави армијата на Телеграм.

Три беспилотни летала беа соборени над јужниот регион на Миколаив, а уште три над регионот Дњепропетровск, тврдат гувернерите на тие региони.

Гувернерот на регионот Киев соопшти дека воздушната одбрана и рано изутрината соборила беспилотни летала. рп/

Фото: ЕПА



Остани поврзан