• среда, 04 декември 2024

Дарманен: Франција спречи два заговора за терористички напад на ОИ

Дарманен: Франција спречи два заговора за терористички напад на ОИ

Вашингтон, 5 јули 2024 (МИА) – Француските безбедносни сили спречија два одделни заговора за терористички напад за време на Олимписките игри, изјави денеска министерот за внатрешни работи на Франција, Жералд Дарманен.

Според него, полицијата извршила „неколку апсења“ во две одвоени операции.

„Тоа не беше објавено во изминатите денови поради изборната кампања, но ние уапсивме луѓе за кои се сомневаме дека планирале терористички напади“, рече Дарманен во интервју за францускиот информативен канал BFM TV.

Министерот додаде дека терористичката закана во Франција се уште е висока.

Франција е на највисоко ниво на тревога за тероризам од март, по нападот во московската сала „Крокус“ ​​во кој загинаа 145 лица, а одговорноста за нападот ја презеде ИД. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан