• петок, 22 ноември 2024

Три лица се повредени во вооружен напад на Западниот Брег

Три лица се повредени во вооружен напад на Западниот Брег

Ерусалим, 28 март 2024 (МИА) - Израелските власти денеска соопштија дека три лица се повредени во вооружен напад врз неколку возила на главниот пат на окупираниот Западен Брег.

Израелската армија соопшти дека напаѓачот побегнал и дека е во тек потера.

Итната помош извести дека меѓу повредените има и 13-годишно момче.

Тензиите на Западниот Брег се засилија од почетокот на војната во Газа, а израелските сили речиси секоја вечер влегуваат на територијата за да уапсат осомничени екстремисти. 

Во исто време се интензивираа вооружените напади на Палестинците.

Од почетокот на војната, Израел уапси околу 3.600 Палестинци на Западниот Брег, соопшти армијата. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан