„Вашингтон пост“ почна со отпуштања вработени во речиси сите редакции во обид да ги намали загубите
- „Вашингтон пост“, весник во сопственост на милијардерот Џеф Безос, соопшти денеска дека почнал со отпуштања во речиси сите свои новински редакции, во обид да ги намали загубите и да ја врати профитабилноста на весникот, пренесува „Блумберг“.
Вашингтон, 4 февруари 2026 (МИА) - „Вашингтон пост“, весник во сопственост на милијардерот Џеф Безос, соопшти денеска дека почнал со отпуштања во речиси сите свои новински редакции, во обид да ги намали загубите и да ја врати профитабилноста на весникот, пренесува „Блумберг“.
Во соопштението не е прецизирано колку работни места се укинуваат, но претходно се проценуваше дека весникот планира да отпушти околу 300 луѓе, со значително намалување на редакциите за спорт и надворешна политика, пренесува „Блумберг“.
Во последните три години, тој весник го намалил бројот на вработени за околу 400 луѓе. рп/
Фото: МИА архива