Германија бара активно учество на Русија во преговорите во Истанбул
- Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул денеска ја повика Русија да го преиспита својот став и активно да учествува во мировните преговори со Украина во Истанбул.
Берлин, 15 мај 2025 (МИА) - Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул денеска ја повика Русија да го преиспита својот став и активно да учествува во мировните преговори со Украина во Истанбул.
Зборувајќи пред почетокот на вториот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Турција, Вадефул ја повтори поддршката на Германија за дипломатските напори на американскиот претседател Доналд Трамп за мир во Украина.
„Се уште не е доцна да се седне на преговарачка маса. Нашиот итен апел до Русија денес е да ја преиспита ситуацијата, позитивно да одговори на иницијативата на американскиот претседател и веднаш да се приклучи во преговорите“, рече Вадефул. рп/
Фото: МИА архива