Саем на мебел во Скопје од 20 до 24 март
- Под мотото „Освежи го својот дом“ на 20 март во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе почне годинашниов Саем на мебел. Ќе се претстават над 70 истакнати домашни и интернационални брендови.

Скопје, 26 февруари 2024 (МИА) - Под мотото „Освежи го својот дом“ на 20 март во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе почне годинашниов Саем на мебел. Ќе се претстават над 70 истакнати домашни и интернационални брендови.
Саемот на мебел ќе се одржува пет дена, до 24 март. Сите посетители ќе имаат можност да ги слушнат најдобрите совети и да ги изберат најуникатните парчиња мебел за освежување на нивниот дом.
Освен широка лепеза на парчиња мебел, на Саемот ќе бидат споделени уникатни и корисни совети за уредување, идеи за несекојдневни бои, насоки за одржливи материјали... Ќе следуваат големи саемски попусти.
Минатото издание на Саем на мебел пречека над 15.000 посетители. мд/са
Фото: плакат