• среда, 15 април 2026

Фондот на ПИОМ подготвува договор за електронска размена на податоци со институциите за задолжително пензиско осигурување од Австрија

Фондот на ПИОМ подготвува договор за електронска размена на податоци со институциите за задолжително пензиско осигурување од Австрија

Скопје, 26 март 2026 (МИА) - Работни групи на Фондот на ПИОМ и на институциите за задолжително австриско пензиско осигурување од Австрија: Институцијата за пензиско осигурување (PVA), Службата за социјално осигурување на претприемачите (SVS) и Институцијата за осигурување на вработените во јавните служби, железниците и рударската индустрија (BVAEB) ја одржаа втората работна средба за подготовка и усогласување на договорот за редовна размена на давања и податоци за смртност.

На состанокот, како што информираат од Фондот на ПИОМ, се разговараше и се усогласуваа начините на размената на податоците и правната рамка, како и техничките детали за идната електронска размена на податоците.

Целта е да се обезбеди поефикасна соработка и побрзо остварување на правата од пензиско и инвалидско осигурување за граѓаните на Македонија и Австрија.

Подготовката и потпишувањето на договорот се дел од активностите на Фондот на ПИОСМ за унапредување на соработката со странските фондови и институции во насока на зголемување на ефикасноста во остварувањето на правата од пензиско и инвалидско осигурување преку електронска размена на податоци.

- Договорот за редовна размена на давања и податоци за смртност би требало да биде потпишан на средбата на директорите на фондовите на пензиското и инвалидското осигурување од државите на просторот на поранешна Југославија и на Република Австрија, што ќе се одржи во Марибор, Словенија, во јуни оваа година - велат од Фондот на ПИОМ. дма/паг/

Фото: Фонд на ПИОМ

 

Остани поврзан