• сабота, 22 февруари 2025

Kоја германска партија најмногу ја сакаат дарежливите донатори?

Kоја германска партија најмногу ја сакаат дарежливите донатори?

31 јануари 2024

Дојче Веле

Десничарската популистичка Алтернатива за Германија (AfD) никогаш во својата историја не добила толку голема индивидуална донација. Ова го тврди здружението LobbyControl, кое го контролира финансирањето на партиите. Лекарот и претприемач од Либек, Винфрид Штекер, пред изборите во февруари донираше на партијата милион и пол евра. Ова произлегува и од соопштението на Бундестагот. АфД извести за голема донација, која партиите се обврзани да ја направат со суми поголеми од 35.000 евра.

Штекер долго време јавно ја изразува својата поддршка за АфД. Во текстовите што редовно ги објавува на Интернет, мултимилионерот ја критикува политиката на германската сојузна Влада како „диктатура на идеи“, зборува за „климатска хистерија“ и се жали на „бесмислениот мајчин јазик“.

Знак за нормализација?

Штекер, исто така, предизвика бура на национално ниво за време на пандемијата на коронавирусот кон крајот на 2021 година, кога на себе и на многу други им инјектира активна состојка што самиот ја разви, а која не беше официјално одобрена. Штекер е осуден на парична казна од 250.000 евра. Неговиот адвокат, Волфганг Кубицки, потпретседател на до неодамна владејачката Либерално-демократска партија (ФДП), поднесе приговор на пресудата.

Здружението LobbyControl отворено ја критикува големата донација на Штекер: „Фактот што супербогатите сега отворено ја поддржуваат АфД е загрижувачки знак за нормализирање на оваа екстремно десничарска партија“, се наведува во соопштението. Во организацијата стравуваат дека приватни лица и фирми се повеќе влијаат на политиката и затоа се залагаат за воведување на лимити за партиските донации кои веќе постојат во многу други европски земји.

Многу дарежливи донатори

Севкупно, германските партии од почетокот на годината примиле повеќе од седум милиони евра големи донации, според документите на Бундестагот достапни за јавноста. Демохристијаните (ЦДУ/ЦСУ) се најголеми приматели со три милиони евра. ФДП, партија која традиционално ги штити интересите на богатите, добила вкупно милион и пол евра, а социјалдемократите (СПД) од почетокот на годината пријавиле повеќе од 740.000 евра големи донации. Партијата на зелените е значително поскромна со 290.000 евра.

Новооснованата партија, левичарско-популистичката алијанса Сара Вагенкнехт, минатата година ја доби најголемата поединечна донација: еден претприемач од северот на Германија го поддржа формирањето на оваа партија со повеќе од четири милиони евра.

Остани поврзан