• петок, 03 мај 2024

Шест борбени авиони „Рафал“ слетаа во Хрватска

Шест борбени авиони „Рафал“ слетаа во Хрватска

Велика Горица, 25 април 2024 (МИА) - Првите шест од вкупно 12 повеќенаменски борбени авиони „Рафал“ слетаа денеска во Хрватска.

Пилотите ги пречекаа членови на хрватскиот државен врв, меѓу кои претседателот Зоран Милановиќ, премиерот Андреј Пленковиќ и претседателот на Собранието, Гордан Јандроковиќ.

Авионите „Рафал“ полетале од воздухопловната база во Бордо и влегле во хрватскиот воздушен простор западно од Ровињ. Летот траеше еден час и 40 минути. Авионите ги управувале хрватски пилоти кои 15 месеци се обучувале за нивно користење.

При влегувањето во хрватскиот воздушен простор, пилотите на хрватското воено воздухопловство испратија порака до сите хрватски граѓани: „Ние сме пред влез во хрватскиот воздушен простор, кој од денеска ќе биде уште побезбеден. Хрватските „Рафали“ и хрватски пилоти пристигнаа дома“, соопшти Министерството за одбрана.

Авионите пристигнаа две години и пет месеци по потпишувањето на договорот со Франција вреден повеќе од една милијарда евра, а пристигнувањето на последниот од договорените авиони се очекува на почетокот на следната година.

Вкупно 1,13 милијарди евра се обезбедени од државниот буџет за купување на авионите „Рафал“ во периодот од 2021 до 2026 година. За оваа година се предвидени околу 225 милиони евра, за следната 65 милиони, додека од буџетот за 2026 година ќе бидат издвоени околу 18 милиони евра. рп/

Фото: МИА архива

Договорот меѓу Хрватска и Франција вклучува и воена соработка, одржување на заеднички воздушни вежби на двете земји и обука на хрватски пилоти и технички персонал. рп/

Остани поврзан