• недела, 24 ноември 2024

Хезболах тврди дека го гаѓал воениот штаб во Тел Авив со беспилотни летала

Хезболах тврди дека го гаѓал воениот штаб во Тел Авив со беспилотни летала

Тел Авив, 13 ноември 2024 (МИА) - Либанската проиранска организација Хезболах тврди дека попладнево извршила напад со беспилотно летало насочено кон седиштето на израелската армија и израелското Министерство за одбрана во Тел Авив.

Во соопштението на таа екстремистичка организација се наведува дека извршила „воздушен напад од ескадрила експлодирачки беспилотни летала“ на местото каде што се наоѓаат главните одбранбени институции на Израел.

Израелската армија претходно објави дека пресретнала два дрона од Либан на северот на Израел.

Израелските медиуми јавуваат дека нема индикации дека некое беспилотно летало стигнало до центарот на Израел или во близина на штабот на армијата. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан