• вторник, 16 април 2024

Фестивалот на биодиверзитетот:Коктел на вкусови поместен за 17 јуни

Фестивалот на биодиверзитетот:Коктел на вкусови поместен за 17 јуни

Скопје, 3 јуни 2023 (МИА) - Фестивалот на биодиверзитетот: Коктел на вкусови, којшто требаше да се одржи денеска, е поместен за 17 овој месец.

Организаторот „Слоу Фуд Водно“ соопшти дека настанот е поместен поради нестабилните временски услови. 

- Со цел да ги избегнеме нестабилните временски услови настанот е поместен на 17.06.2023 на исто место во исто време, стои во објавата на Фејсбук.

Фестивалот ќе се одржи во Паркот на Франкофонијата во Скопје, со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Ќе се претстават околу 40 изложувачи од земјава, од кои 21 од Скопје. Ќќе бидат презентирани гастрономски деликатеси во тегли, пинџур, џем, слатко, намази, традиционални козји, кравји и секакви сирења, сувомеснати производи сушени на дрва.

Освен дегустација на производите, кои ќе можат и да се купат, во програмата на фестивалот ќе има претставување на крафт пиварии, коктел мајстори ќе приговуваат коктели од пијалоци на локалните производители, а најмладите ќе имаат катче со работилница од програмата на проектот Училишни градини на Слоу Фуд. бак/

Фото: Слоу Фуд Водно

Остани поврзан