• недела, 05 мај 2024

Aнгелина Димовска-Миташева нова директорка на Филхармонија

Aнгелина Димовска-Миташева нова директорка на Филхармонија

Скопје, 14 февруари 2024 (МИА) - Ангелина Димовска-Миташева е новата в.д. директорка на Филхармонија, потврдија за МИА од Филхармонија.

Досегашен в.д. директор беше Даниел Лазаровски, кој беше на функцијата од септември минатата година.

Синдикалната организација на Филхармонија минатата недела поднесе петиција до Министерството за култура за разрешување на Лазаровски, поради како што велат, неправилности во работењето и низа незаконски постaпки. На ова, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска изјави дека доколку Синдикатот за култура во оваа институција има одредени сознанија за мобинг од страна на директорот, постојат инстанци каде тоа треба да го пријават и тој ќе биде соодветно санкциониран.бт/лв/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан