Мојсоска: Таравари ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер
- СООПШТЕНИЕ - Во гостувањето за ТВ 24, новата пратеничка од редовите на Левица, Јована Мојсоска, се осврна на условувањата за промена на Уставот во рок од 6 месеци.
16 мај 2024
Во гостувањето за ТВ 24, новата пратеничка од редовите на Левица, Јована Мојсоска, се осврна на условувањата за промена на Уставот во рок од 6 месеци.
Мојсоска потенцираше дека потребно е Таравари да ги слушне и другите барања кои доаѓаат од ЕУ и кои се нотирани во извештаите на Европската Комисија.
Таа додаде дека во последниот извештај на ЕК беше нотирано дека Рамковниот балансер не ја одразува реалната слика на населението и дека тој веќе ја загрозува ефикасноста на институциите.
Мојсоска додаде дека никој нема слух ниту за забелешките на Венецијанската Комисија во однос на ДВОЈАЗИЧНОСТА, која ја надминува и Рамковната конвенција за малцинствата.
Мојсоска го повтори ставот дека Левица нема да биде дел од Влада која ќе изврши промена на Уставот и токму Левица ќе се наметне како фактор за поставување црвени линии во одбрана на македонските интереси.
https://youtu.be/hgIUVoW3g70?si=kLw7W0g5AxKSqiPp
Левица
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.